Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Унгарија го укинa имунитетот на Петер Маѓар и на двајца поранешни министри од владата на Орбан

/

Свет

Сподели преку :

Унгарскиот парламент го укина имунитетот на премиерот Петер Маѓар на денешната вонредна седница.

139 пратеници гласаа „за“ укинување на имунитетот на премиерот, без гласови „против“ или „воздржани“. На истата седница беа симнати имунитетите и на двајца пратеници од партијата на екс премиерот Орбан, Фидес – мнистри во претходната Влада.

Самиот Маѓар побара од пратениците да му го укинат имунитетот, велејќи дека тој ја презема одговорноста за сите свои постапки.

Обвинителството побара да му се симне имунитет на премиерот во вторник, откако повторно отвори истрага против него.

Истрагата е поврзана со инцидент од јуни 2024 година, кога Маѓар наводно го зел телефонот на човек кој го снимал во клуб во Будимпешта и намерно го фрлил во Дунав. Според обвинителството, постапките на Маѓар можат да се квалификуваат како кражба.

Маѓар, кој е и премиер и пратеник во парламентот и ужива пратенички имунитет, рече дека е подготвен да соработува со истражителите и дека нема причина за загриженост.

Според Маѓар, телефонскиот инцидент бил провокација оркестрирана од претходната унгарска влада.

Маѓар го опиша случајот како „фарса“ и ги обвини обвинителите дека се обидуваат да го поврзат неговиот случај со наводите за корупција против поранешни членови на владата на Орбан.

Против пратениците од редовите на Фидес  се води истрага поради наводна злоупотреба на јавни средства од Унгарскиот национален културен фонд. Обвинителите тврдат дека јавните средства биле несоодветно користени во повеќе од 1.000 случаи, предизвикувајќи загуби од  44,5 милиони евра. Во вториот случај поранешниот  министер за национален развој од 2014 до 2018 година, се соочува со посебна истрага во врска со наводен поткуп поврзан со договори во кои е вклучена државната автобуска компанија „Воланбус“.