Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Украина, САД и Русија на средба на техничко ниво во Абу Даби во ноември – Зеленски бара 10-годишно финансирање на украинската војска

/

Свет

Сподели преку :

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека преговарачи од Украина, САД и Русија ќе се сретнат на техничко ниво во Абу Даби во првата половина на ноември, додавајќи оти се надева и на средба со рускиот претседател Владимир Путин.

Тој рече оти разговарал со американските емисари Стив Виткоф и Џаред Кушнер по нивните состаноци со Путин во Санкт Петербург. Истакна дека било каков мировен договор ќе наложува безбедносни гаранции за Украина и 10-годишно финансирање на украинската војска.

„Планот е да се сретнат во првата половина на ноември, што поскоро се разбира“, истакна Зеленски во видео порака за Институтот Хадсон и додаде дека многу нешта зависат од Русија, потсетувајќи дека сличен состанок бил предвиден и за овој месев, но не се реализирал.

Украинскиот претседател ја нагласил важноста од континуирани дипломатски напори за да се договори примирје и крај на војната која се води петта година. Зеленски изјави дека Европа, исто така, би требала да биде вклучена.

Според него, украинската војска сè уште има проблеми со пристапот до комуникациските системи на Старлинк, и покрај американските тврдења дека се отстранети ограничувањата за брзината.