Турската одбранбена компанија ASELSAN, телекомуникацискиот оператор Türk Telekom и TTT İnovasyon соработуваат на заеднички проект за развој на локален и национален паметен телефон, објави „Си-Ен-Ен Турк“.
Се очекува првиот модел да биде претставен во првиот квартал од 2027 година, а проектот предвидува развој на три различни уреди од кои едниот ќе биде дизајниран специјално за државни службеници.
Моделот за државната администрација ќе биде од висока класа и ќе има енкриптиран систем за заштита, прецизира телевизијата, додавајќи дека неговата главна цел ќе биде безбедна комуникација. Останатите два модела ќе бидат за широка потрошувачка.












