Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп со порака до Американците пред ноемвриските избори – гласајте или ќе одите во пеколот!

/

Свет

Сподели преку :

Со настап на оперски пејач, овации од најлојалните поддржувачи и илјадници црвени, бели и сини балони заврши Републиканската конвенција во Далас.

Дводневната конвенција секако заврши со говорот на американскиот претседател, Доналд Трамп, кој во завршниот говор ги повика републиканците да излезат на избори во ноември и практично порача – гласајте како јас да сум на гласачкото ливче.

Ги нападна демократите, предупредувајќи дека нивната победа би значела враќање на, како што рече, „лудаците“ на власт. А во својот карактеристичен стил, Трамп отиде и чекор подалеку – им порача на оние кои нема да гласаат за конзервативците дека тоа нема да биде добро за нив и ќе завршат на лошо место.

„Би рекол дека речиси сите беа одлични. Знаете што се случува ако не гласате? Одите во пеколот, го знаете тоа, нели? Одите во пеколот, а јас не сакам тоа да ви се случи. Затоа, ве молам, излезете и гласајте!“, изјави Трамп.

 Трамп најави и големи ветувања, за кои никој не е сигурен како и дали воопшто може да се реализираат. Највпечатливо од нив и наводната исплата на 5.000 долари за секој полнолетен Американец доколку републиканците ја задржат контролата врз Конгресот.

Претходно, Џеј Ди Венс испрати слична порака – изборите ги претстави како битка меѓу, како што ги нарече, „здравиот разум“и политичките противници на републиканците, за кои не штедеше навредливи зборови.

А потоа – музика.

Трамп остана на сцената по својот говор и ја слушаше „America the Beautiful “, во изведба на оперскиот пејач, Кристофер Макио, додека од таванот почнаа да паѓаат илјадници балони во црвена, бела и сина боја.

Со спектакл, патриотска музика и Трамп во центарот на вниманието, републиканците ја затворија конвенцијата и влегоа во изборната битка во обид да го спречат тоа што анкетите го најавуваат – губењето на контролата во Сенатот и Претставничкиот дом.

Никола Илиевски