Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп разгледува нова отстапка за Москва – можно укинување на санкциите за рускиот Фонд за директни вложувања

/

Свет

Сподели преку :

Американската администрација ја разгледува можноста за укинување на санкциите за рускиот Фонд за директни вложувања кој важи за важен инвестициски фонд кој за Вашингтон со години претставуваше еден од клучните инструменти за ширење на руско влијание во светот, пишува „Њујорк Тајмс“.

Американски официјални претставници го опишуваа како „slush fund“ на Путин, односно финансиски фонд со кој Кремљ може да финансира проекти од посебен интерес.

Руските претставници побарале укинување на санкциите во рамки на разговорите за можно учество на фондот во извозот на рускиот дизел во САД, истакнаа извори кои се запознати со преговорите.

Американски претставник потврди дека администрацијата во Вашингтон го разгледува барањето во контекст на „настојувањата за подобрување на односите меѓу Русија и САД и обидите за завршување на војната“. Тој го нарече Кирил Дмитриев, кој е на чело на фондот, како „корисен претставник“ во разговорите за крај на војната во Украина.

Укинување на санкциите за фондот ќе претставува уште едно ублажување на економскиот притисок на Вашингтон врз Москва. Фондот располага со милијарди долари и вложува во руски компании, честопати со инвеститори од Блискиот исток и други делови во светот.