Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп побара оставка од амбасадорката во Грција – побарала од бизнисмен да и уплати 100.000 долари

/

Свет

Сподели преку :

Американскиот претседател Доналд Трамп побара оставка од американската амбасадорка во Грција, Кимберли Гилфојл, по медиумските извештаи во кои се изнесени обвинувања дека нудела пристап до функционери во администрацијата во замена за пари, подароци и услуги.

Трамп изјави дека не му се допаднало она што го прочитал во медиумите. Според извештаите на „Волстрит журнал“, Гилфојл наводно имала блиски контакти со лобист поврзан со грчка енергетска компанија и ја промовирала нејзината работа.

Во други наводи се тврди дека се фалела со врските со богати грчки бизнисмени и побарала од американски бизнисмен да ѝ плати сметка од кредитна картичка во износ од 100.000 долари.

Стејт департментот, според медиумските информации, истражува и поплаки од вработени во американската амбасада во Атина.

Гилфојл ги отфрли обвинувањата и најави дека ќе ги брани своето име и углед.

Нејзиниот мандат беше одбележан и со активна промоција на американските енергетски интереси во Грција, вклучително и договори за увоз на американски течен природен гас.