Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп го откажа преносот во живо од егзекуцијата на американски војник осуден за терористички напад

/

Свет

Сподели преку :

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека погубувањето на Нидал Хасан, осуден за нападот во воената база Форт Худ, нема да се емитува во живо. Со тоа, тој ја повлече одлуката што Пентагон ја објави минатата недела.

„Нидал Малик Хасан, поранешен мајор на американската армија што стана предавник, е многу лош и злобен човек кој уби 13 лица, вклучувајќи бремена војничка која почина заедно со нејзиниот нероден син, и сериозно рани уште 32 невини луѓе.

Федералното биро за истраги , под администрацијата на Барак Хусеин Обама, ги пресретна електронските комуникации меѓу Хасан и радикалниот јеменско-американски проповедник Анвар ал-Авлаки. Кога работната група на ФБИ за борба против тероризмот ги разгледа комуникациите, истражителите заклучија дека е-поштата на Хасан не претставува закана.

Тој потег на администрацијата на Обама подоцна беше оценет како еден од клучните неуспеси на разузнавањето“, напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social.

Тој ќе биде погубен со стрелачки вод, како што е планирано, но настанот нема да се емитува. Сепак, непосредните членови на семејството на жртвите ќе можат лично да присуствуваат на егзекуцијата доколку сакаат.

Пентагон сака да ја пренесува во живо првата егзекуција на американски војник осуден за терористички напад

Американската армија ќе ја изврши првата егзекуција со стрелање по повеќе од 60 години, но министерот за одбрана Пит Хегсет отиде уште подалеку, порачувајќи дека таа ќе биде емитувана во живо. Поранешниот мајор и армиски психијатар Хасан Нидал, во 2009 година уби 13 американски војници во армиски воен објект во воената база Форт Худ, во… Продолжи со читање

telma.com.mk