Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Товарен воз излета од шините кај Риека, 11 вагони завршија во провалија, нема повредени

/

Свет

Сподели преку :

Товарен воз на превозникот „Трансагент“, кој превезувал жито, утрово излетал од шините на влезот во железничката станица Меја, недалеку од Риека. Притоа, 11 вагони завршиле во провалија, а нема повредени – соопшти компанијата „Хрватска железничка инфраструктура“.

Несреќата се случила во 9:25 часот, додека возот се движел кон Риека, објави „Индекс.хр“.

Според досегашните информации, машиновозачот непосредно пред излетувањето од шините го известил диспечерот дека откажале сопирачките и дека не може да ја запре композицијата.

Во несреќата нема повредени, но причинета е голема материјална штета, поради што, станицата е затворена за сообраќај.

Оваа железничка станица е оддалечена од риека петнаесетина километри и на истото место се случи железничка несреќа и пред три години кога товарен воз, исто како и сега, превезувал жито.