Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тесна трка меѓу фаворитите за претседател во Бугарија и слаб одзив на гласачи

/

Свет

Сподели преку :

Актуелната претседателка Илијана Јотова и независниот кандидат поддржан од опозицијата Андреј Ѓуров се очекува да влезат во решавачката битка за претседател на Бугарија, по елиминациксиот прв круг на изборите кои се одржува денеска. Интересот за гласање не е висок и според анкетите се очекува да гласаат помалку од 40% од избирачите.

„Гласав за вистински промени, за луѓе кои се активни и работат – помалку зборуваат, а повеќе прават. Верувам дека на овој начин работите ќе бидат подобри. Се надевам дека повеќе луѓе ќе излезат и ќе гласаат’ – вели Марија Колева – гласач

„Се надевам дека ќе има втор круг и дека нема да дојде до концентрација на власта, односно дека сета власт нема да биде концентрирана во рацете на еден човек. Претседателската институција мора да биде независна од владата.“, рече Антон Атанасов – гласач

Анкетите и даваат предност на актуелната претседателка Илијана Јотова, која ја има поддршката на партијата Прогресивна Бугарија на премиерот Румен Радев.

„И ако има нешто што ме израдувало во последните месеци, тоа е што гледам како Бугарија конечно води силна надворешна политика, стекнува повеќе сојузници и прави нејзиниот глас да се слуша појасно во рамките на Европската Унија“ – Илијана Јотова, актуелен претседател и претседателски кандидат

Според социологот Добромир Живков, главните фаворити имаат различен пристап во надворешната политика – за разлика од Јотова чија реторика повеќе се совпаѓа со онаа на Кремљ, опозицискиот кандидат е поблсику до ставовите на ЕУ.

„ Тие повикуваат на прекин на помошта за Украина и на запирање на испораките на оружје. Исто така, од нив често слушаме реторика што се совпаѓа со ставот на Кремљ, вклучително и терминологија преземена директно од руската пропаганда. Во таа смисла проевропските кандидати Ѓуров и Кандев се наоѓаат во позиција да ги претставуваат оние бугарски граѓани кои поддржуваат поблиска интеграција во ЕУ и, се разбира, посилна улога на Бугарија како сојузник во НАТО.“ рече Добромир Живков, социолог, извршен директор на „МаркетЛинкс“

Во изборната кампања доминираше руската војна во Украина и смртоносните напади со беспилотни летала врз трговски бродови во Црното Море – во непосредна близина на Бугарија но и загриженоста на јавноста поради наглиот пораст на цените на енергенсите и високата инфлација, при што многу Бугари во руралните средини се соочуваат со тешкотии да врзат крај со крај.

„ Драги пријатели, Претседателот треба да биде обединувачка фигура. Но, обединувањето не значи молчење за да се избегне конфликт. Тоа не значи ниту ставање на исто рамниште на оние што го почитуваат законот со оние што го газат – рече Андреј Ѓуров, претседателски кандидат.

Иако претседателската функција е церемонијална, шефот на државата има овластувања што вклучуваат командување со вооружените сили и ставање вето на законите.