Топлотниот бран доведе до суша и пожари во делови од Велика Британија. Противпожарната служба се справува со шумски пожар во природниот резерват Холм Фен во Кембриџшир, каде што пожарот сега е изгаснат, но остави изгорени површини и изгорени дрвја низ целиот резерват.
Во резерватот се поставени и знаци за да се предупредат посетителите да не кампуваат, да не палат оган или да прават скара, бидејќи постои висок ризик од пожари.
Ричард Бостон, командант на станицата во службата, вели дека пожарите веројатно ќе продолжат да горат во следните два или три дена, но треба да бидат изгаснати до викендот.
Жештината им ја отежнува работата на земјоделците. Гарет Вилијамс, локален земјоделец, вели дека ова е еден од најниските приноси што некогаш ги видел на неговата фарма.
- „Нормално, повеќето години собираме околу 1.000 тони пченка за продажба, оваа година мислам дека имавме околу 700 тони, па со цена од 180 фунти по тон, за што продадовме најголем дел од пченката, имаме пад од 54.000 фунти во приходите оваа година“ – Гарет Вилијамс, велшки земјоделец.
Б.С.












