Истражниот судија на Основниот суд во Улцињ во саботата ѝ одреди притвор до 30 дена на државјанката на Северна Македонија, Сашка Стојановски (43), поради основано сомнение дека еден ден претходно сторила кривично дело убивање и мачење животни и уништување на нивното живеалиште, дознава „Вијести“.
Претходно, Основното државно обвинителство (ОДТ) во Улцињ ѝ одреди притвор до 72 часа и поднесе предлог до Основниот суд во Улцињ за притвор поради сомнение дека сторила кривично дело, односно, како што соопшти таа институција, го прегазила и убила кучето на својот сопственик од расата „Шарпланинец“ во близина на булеварот Теута со патничко возило од марката „Мерцедес“.
- „На 25.07.2026 година, истражниот судија на Основниот суд во Улцињ одреди притвор до 30 дена за осомничената С.С. (43) од Скопјe, поради постоење на основано сомнение дека сторила кривично дело убивање и мачење животни и уништување на нивното живеалиште по член 309 став 1 од Кривичниот законик на Црна Гора.

Основното државно обвинителство во Улцињ одреди притвор за македонската државјанка Сашка Стојановска (46) до 72 часа поради основано сомнение дека сторила кривично дело убивање и мачење животни и уништување на нивното живеалиште, објави црногорскиот портал Вјести. Таа е осомничена дека со автомобил го прегазила и убила кучето на сопственик во близина на булеварот Теута. Полициската… Продолжи со читање
Имено, осомничената со возило прегазила и убила куче од расата Шарпланинац, а „притворот ѝ е одреден врз основа на член 448 став 1 точка 1 од Законот за кривична постапка поради постоење на околности што јасно укажуваат на ризик дека, доколку биде ослободена, осомничената би можела да избега и со тоа да го попречи понатамошниот тек на постапката“, информираат од Одделот за односи со јавноста на Основниот суд во Улцињ.
Македонска државјанка е уапсена во петок, 24 јули, попладне, додека се обидувала да избега од Црна Гора.

Во Црна Гора е уапсена 46-годишната македонската државјанка Сашка Стојановска додека се обидувала да ја напушти државата, откако претходно намерно прегазила куче со својот автомобил, објави црногорскиот портал „Вијести“. Во одделот за безбедност во Улцињ било пријавен дека едно лице прегазило кучето. „Полицијата го пронашла возилото и го идентификувала возачот, односно тоа е државјанка на… Продолжи со читање











