Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Стотици илјади ширум Украина без електрична енергија по последните руски напади

/

Свет

Сподели преку :

Најмалку 600.000 Украинци останаа без електрична енергија по големиот руски напад врз енергетската инфраструктура на земјата во текот на ноќта, во кој загинаа три лица а 21 беа повредени.

Претседателот Зеленски изјави дека погодени биле клучни делови од енергетската инфраструктура во Киев и Харков. Украинското Министерство за одбрана соопшти дека руската армија лансирала 39 балистички и крстосувачки ракети, и 128 беспилотни летала. Пресретнати и уништени биле 115 од дроновите, но само 4 од ракетите.

Во исто време, и Русија тврдеше дека неутрализирала масовен украински напад, соборувајќи дури 902 беспилотни летала, низ повеќе региони во земјата, меѓу кои и Москва.

Минатиот викенд, американскиот претседател Доналд Трамп тврдеше дека Москва и Киев се согласиле на енергетско примирје, односно да престанат со нападите врз енергетската инфраструктура, но во реалноста тие продолжија со несмален интензитет.

Зеленски, во меѓувреме, изјави дека Украина е подготвена да ги прекине нападите врз руските нафтени инсталации и дата центри, доколку Москва престане да ја бомбардира украинската енергетска инфраструктура.

Но, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, категорично ја отфрли оваа можност, тврдејќи дека Украина не заслужува оддишка. Според Лавров, евентуалното примирје само би им дало можност на западните сојузници ќе ја „наполнат“ Украина со оружје за таа да продолжи да војува со Русија.

Игор Трајков