Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Став на Франција и Холандија: ЕУ мора да стане џин, ако сака да остане во трка за новата технологија

/

Свет

Сподели преку :

Франција и Холандија планираат тесно да соработуваат во развојот на технологијата во Европа, потврдија францускиот претседател Емануел Макрон и премиерот на Холандија, Роб Јетен по денешната средба во Ајндховен.

Макрон и Јетен за време на посетата на технолошкиот центар „Бреинпорт“ ја подвлекоа исклучителната важност на стратешката автономија на Европа во услови на геополитичките промени и глобалните судири. Тие го истакнаа значењето на зајакнување на европскиот технолошки сектор, при што Макрон нагласи дека „Европа, доколку сака да остане во трката, мора да ги зајакне европските синџири на производство“.

Јетен ја опиша француско-холандската соработка како „мотор за иновации, вештачка интелигенција, квантна технологија и електроника“.

„Европската Унија мора самата да стане технолошки џин“, рече Јетен, додавајќи дека претпријатијата, науката, талентот и индустријата мора подобро да се поврзат.