Бројот на загинатите во катастрофалните поплави кои ги зафатија Непал и Тибет продолжува да расте, додека илјадници луѓе сè уште се водат како исчезнати.
Спасувачките екипи во Непал продолжуваат со потрагата по повеќе од 900 работници кои исчезнаа на различни хидроенергетски градилишта по разорните поплави во средата.
Во еден од тунелите спасувачите успеале да внесат воздух и да достават храна, но сè уште немаат воспоставено контакт со луѓето кои се наоѓаат внатре.
Повеќе од 3.000 луѓе засега се водат како исчезнати.
Бројот на жртвите постојано расте.
Во катастрофата досега загинале најмалку 750 луѓе.
Во Непал се потврдени повеќе од 700 смртни случаи, а во Кина најмалку 16. Непалските власти се борат да се справат со големиот број тела, додека кинеските власти соопштија дека нивните спасувачки екипи досега не пронашле нови преживеани.
Свлечиште регистрирано во саботата вечерта блокирало дел од реката и создало ново езеро во близина на погоденото подрачје.
Поради опасноста од нови поплави, спасувачките екипи во Кина биле евакуирани, објавија државните медиуми.












