Германскиот канцелар Фридрих Мерц, на почетокот на самитот Берлински процес во Будва, повика на брз пристап на земјите од Западен Балкан во Европската Унија. Во обраќањето пред лидерите на Македонија, Србија, БиХ, Црна Гора, Албанија и Косово, Мерц порача дека Германија го подджува нивниот европски пат.
„Вашиот пристап во Европската Унија е она што го сакаме. Можете да сметате на поддршка од Германија и на моја лична поддршка“, рече Мерц.
Истовремено, Мерц ги повика земјите во регионот да спроведат дополнителни реформи.
„Ние како Европска Унија ги исполнивме очекувањата, но и вие мора да ги исполните. Реформите и политичката волја мора да дојдат од ваша страна“, изјави Мерц.
Земјите од регионот на Западен Балкан се наоѓаат во различна фаза на долгогодишниот процес на придружување во Европската Унија. Голем дел од нив се години чекаат на членство, каков што е случајот со Македонија.
Според најавите, се очекува Црна Гора да биде првата државата која ќе биде примена во ЕУ, а преговорите треба да завршат до крајот на 2027 година.
Македонската делегација во Будва ја предводи премиерот Христијан Мицкоски.












