Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шпанските партии ја суспендираа предизборната кампања поради железничката несреќа

/

Свет

Сподели преку :

Повеќето шпански партии ги суспендираа денешните појавувања во јавност како дел од предизборната кампања, поради железничката трагедија во која бројот на жртви надминува 30 лица.

Премиерот Педро Санчез и членовите на неговиот кабинет први ги откажаа сите денешни појавувања во медиумите, посочувајќи дека владата ќе се фокусира на координирање на спасувачките напори.

Лидерот на опозицијата Алберно Нуњез Феиџо го направи истото, но лидерот на крајнодесничарската Вокс, Сантијаго Абаскал, порача дека неговата партија нема да подлегне на обидите жалоста да се злоупотреби за замолчување на критичарите.