Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис е хоспитализиран, откако паднал возејќи велосипед.
Според грчките медиуми, Мицотакис денеска се појавил во болничка амбуланта по пад од велосипед. Во несреќата се здобил со повреда на раката и гребаници, пренесува Катимерини.
Откако му била укажана медицинска помош, Мицотакис ја напуштил болницата.












