Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

САД поништила повеќе од 300 илјади визи од почетокот на вториот мандат на Трамп

/

Свет

Сподели преку :

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп поништила повеќе од 300 илјади визи од почетокот на неговиот втор мандат во јануари 2025 година, соопшти  Стејт департментот.

Според претходните податоци објавени на 10 август, до тој датум биле поништени повеќе од 175 илјади визи, што покажува дека поништувањето визи изминатите семици се спроведувало со забрзано темпо.

Портпаролот на Стејт департментот, Томи Пигот, кој информацијата ја објави на социјалната мрежа „Икс“, напиша дека администрацијата на Трамп „поништила повеќе визи и тоа побрзо од која било друга администрација во историјата“.

„Нулта толеранција кон странските државјани со визи кои го прекршуваат законот, вршат измами или ја загрозуваат националната безбедност“, стои во објавата.

Трамп тврди дека строгата имиграциска политика и депортациите се насочени кон зајакнување на безбедноста во земјата.