Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Руте: Го зајакнавме нашето присуство на источното крило по нападите врз трговски бродови во близина на бугарскиот брег

/

Свет

Сподели преку :

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека Алијансата ќе продолжи да ја следи безбедносната ситуација во Црното Море и да ги прилагодува своите одбранбени мерки по потреба, по нападите врз трговски бродови во близина на бугарскиот брег.

-Разговарав со бугарскиот премиер Румен Радев за неодамнешните напади врз трговски бродови во Црното Море. НАТО ќе продолжи тесно да соработува со своите сојузници во регионот. Веќе го зајакнавме нашето присуство на источното крило и ќе продолжиме да ја следиме безбедносната ситуација, прилагодувајќи ги нашите мерки за одвраќање и одбрана по потреба, напиша Руте на социјалната мрежа „Икс“ (X).