Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Русија ја предупреди Британија на „последици“ поради испораката на дронови за Украина

/

Свет

Сподели преку :

Русија денеска ја предупреди Велика Британија дека ќе се соочи со последици поради испораката на дронови за Украина, кои се користат за напади врз цели на руска територија.

Руската амбасада во Лондон реагираше на извештајот на весникот „Тајмс“ од саботата, според кој беспилотни летала произведени во Британија за првпат биле употребени за напади со голем дострел врз Русија.

„Постапките на Лондон неизбежно ќе имаат последици за кои тој ќе мора да одговара“, соопшти амбасадата во изјава објавена на нејзиниот канал на Телеграм.

„Колку подлабоко ќе биде неговото вмешување во конфликтот и колку поголема ќе биде неговата поддршка за терористичката машинерија на Киев, толку повисока ќе биде цената што ќе ја плати.“ – се додава во објавата.

Украина користи дронови за напади со голем дострел врз рафинерии за нафта и логистички објекти на руската федерација.

Британското Министерство за одбрана не потврди дали британски дронови биле употребени во нападите.

Во јуни, Британија соопшти дека до крајот на 2026 година ќе ѝ обезбеди на Украина 150.000 дронови, како дел од пакет финансиска поддршка вреден 752 милиони фунти (996 милиони долари).

Запрашан за коментарите на руската амбасада, портпарол на британското Министерството за одбрана изјави: „Британија стои рамо до рамо со Украина и е посветена на обезбедување на опремата што ѝ е потребна на Украина за да се одбрани од нелегалната инвазија на Путин.“