Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Русија го ослободи Американецот Стивен Хабард кој повеќе од четири години мина во притвор

/

Свет

Сподели преку :

Пензионираниот американски учител од Мичиген, Стивен Хабард (74), кој повеќе од четири години мина во притвор во Русија, денеска е ослободен по посетата на специјалниот пратеник на САД; Стив Витков на Санкт Петербург и разговорите со рускиот претседател Владимир Путин, објавија руските државни медиуми, пренесува „Си-Ен-Ен“.

Стејт Департментот на САД го означи Хабард како личност која е противправно притворена.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека за случајот разговарал и лично со претседателот на Русија, Владимир Путин. Според наводите на руските државни медиуми, руските обвинители тврдеа дека Хабард се борел во Изјум по што потпишал договор со кој му била ветен месечен надомест од околу 1.000 долари. Неговата сестра, Патриша Хабард Фокс, пак, изјави дека обвинението е лажно.

„Претседателот ви благодари. Целата наша нација ви благодари за Стивен Хабард. Благодарение на вас се враќа дома кај својата фамилија“, рече Витков при денешната средба со Путин во Санкт Петербург.