Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека украинските напади предизвикале загуби, но дека нема да го свртат текот на војната. Во интервју за руската државна телевизија, тој рече дека украинските напади врз цивилни цели „предизвикуваат економска штета за земјата“ и, но дека „не е постигната пресвртница“ во конфликтот.
- „Ги засиливме, како што реков, ги засиливме нападите врз претпријатијата од одбранбено-индустрискиот комплекс на Украина, вклучително и во Киев. Почнавме да одговараме на дејствијата на непријателот во однос на нашите објекти на цивилна индустрија и логистика. Киевскиот режим си постави за цел да ја оштети нашата економија. Што направи тој? Тој самиот ја отвори оваа Пандорина кутија. Па, го знаете за најчувствителни сектори на економијата, кои, искрено кажано, и онака се на раб на пропаст“ – Владимир Путин, руски претседател.
Руските напади со беспилотни летала и ракети убија најмалку седум лица во Украина, додека украинскиот напад со беспилотни летала врз рускиот регион Краснодар уби три лица таму. Ова се случува само еден ден по рускиот напад врз врз украински трговски центар во кој загинаа најмалку 16 луѓе, а околу 130 беа ранети.
Силите на Москва неодамна ги интензивираа своите напади со балистички ракети врз Киев, искористувајќи го хроничниот недостиг на пресретнувачи на воздушна одбрана „Патриот“ произведени во САД во Украина, единственото оружје во нејзиниот арсенал способно да ги соборува ракетите.












