Нови детали се појавија од сериозниот инцидент што се случи во Ксамил, каде што животот го загуби 20-годишниот Французин Мигел Мендес. Младиот човек беше пронајден безживотен околу 05:15 часот на лежалка на плажа, во близина на бар. Полицијата го идентификуваше 29-годишниот Сократ Вата, жител на Хас, како осомничен сторител, кој избегал од местото на настанот и сè уште се бара, објави balkanweb.com.
По обдукцијата во Саранда е откриено дека 20-годишникот добил неколку убодни рани во грбот и градите. Поради здобиените повреди, се сомнева дека смртта настапила моментално.
Се дознава дека Мигел Мендес дошол во Ксамил заедно со група француски туристи за да го поминат одморот во јужна Албанија.
Во меѓувреме, 29-годишниот Сократ Вата, идентификуван од полицијата како осомничен сторител, бил вработен како спасител во хотелот „Принсипотес“. Тој заминал веднаш по инцидентот а полицијата трга по него.
Според прелиминарните податоци од истрагата постои сомнева дека инцидентот започнал по расправија за некоја жена.
Истражната група, под раководство на Обвинителството, продолжува со својата работа за целосно разјаснување на околностите и правно документирање на инцидентот.












