Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пожарот на Халкидики ставен под контрола, пожарникарите ги гаснат преостанатите жаришта

/

Свет

Сподели преку :

Повеќе од 200 пожарникари утрово продолжија со целосно гаснење на големиот пожар што ја зафати Халкидики. Огнот во текот на ноќта во најголем дел бил ставен под контрола, но останале поединечни жаришта и постои опасност од повторно разгорување.

Поради пожарот беа евакуирани жители и туристи од Сивири и Фурка, а неколку стотици луѓе беа евакуирани по морски пат. Во населбата Нафтиљос се пријавени и изгорени куќи, пишува Екатимерини.

Во гаснењето учествуваат околу 220 пожарникари со помош на волонтери и тешка механизација за создавање противпожарни појаси.

Се истражува причината за пожарот, а како можна причина се споменуваат искри од надземната електрична мрежа.

Меѓувреме, грчките власти предупредуваат на многу висок ризик од пожари во повеќе делови од земјата поради силните ветрови.