Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Повеќе од 600-тини загинати и над 3000 исчезнати во поплавите во Непал и Тибет – се стравува од нови поплави

/

Свет

Сподели преку :

Најмалку 3.000 лица сè уште се водат како исчезнати по катастрофалните поплави долж границата меѓу Непал и Кина.

Спасувачките активности ги комплицираат и лошите временски услови и најавените нови врнежи во текот на викендот во поплавените подрачја

Четири дена по страотната трагедија официјалниот број на загинати се искачи на повеќе од 600-тини од лица, од кои најголем дел се во Непал.

Министерот за надворешни работи на Непал потврди и дека побарал помош од странски влади, вклучително и специјализирана опрема и големи замрзнувачи, бидејќи властите имаат сè поголеми проблеми со сместувањето на пронајдените безживотни тела на починатите лица.

Во центрите за помош, додека пристигнуваа преживеани, семејствата со нетрпение чекаа вести за своите блиски, додека бројот на загинатите и на лицата за кои нема информации продолжува да расте.

Акциите за пребарување и спасување продолжија на повеќе локации во Непал и во кинески Тибет, вклучително и кај хидроцентралата во непалскиот округ Расува и кај тешко оштетениот граничен премин Ѓиронг од кинеската страна.

„Веќе поминаа четири дена. Не знам… мојот брат можеби е заробен во тунелот на хидроенергетскиот проект „Upper Trishuli 206 MW 1. Затоа се обидуваме да дознаеме каква е неговата вистинска состојба. Не знам во каква состојба се наоѓа сега – дали е жив или мртов, или што точно се случува со него“  – вели Прити Харел, сестра на исчезнатиот Милан Харел.

Портпаролот на непалската армија, бригадниот генерал Раџа Рам Баснет, изјави дека спасувачките операции ќе продолжат кај хидроцентралата, каде што властите веруваат дека повеќе од 100 лица се заробени во тунел исполнет со густа кал.

Баснет рече дека спасувачите користеле корпи и јажиња за да стигнат до дел од луѓето, но операцијата останува исклучително тешка поради оштетениот терен и ограничениот број места каде што можат да слетуваат хеликоптери.

„Немав никаква надеж дека ќе преживеам таму внатре, во тунелот. За влакно избегнав смрт.“ – рече спасениот Пуран Таманг.

„Не знам како успеав да преживеам таму внатре, во тунелот. Кога излегувавме од таму, во тунелот имаше многу мртви луѓе.“ – додава Буди Таманг, кој исто така беше спасен.

Спасувачите се во состојба на висока готовност поради опасноста од нови поплави од езеро кое се формирало високо во Хималаите по првичните поплави во средата. Експертите предупредиле дека езерото, создадено по уривање на глечерот што ги предизвика поплавите, почнало да се прелева.

Никола Илиевски