Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Политико“: Фластерите на лицето на Лагард се поради операција на рак на лицето

/

Свет

Сподели преку :

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, појасни дека завоите на нејзиното лице се резултат на мала хируршка интервенција за отстранување рак на кожата, а не повреди здобиени за време на кик-бокс во Тајланд, објави „Политико“.

„Знам дека изгледам смешно. Ова не е од кик-бокс во Тајланд. Станува збор за мал рак на кожата што мораше да биде отстранет“, изјавила Лагард во видео порака до вработените во ЕЦБ, во која уввид имал Политико.

Нејзиното објаснување следува откако фластерите на лицето, видливи во видеообраќањето во кое го најави своето заминување од функцијата, предизвикаа бројни коментари и шпекулации на социјалните мрежи.

Таа денес објави дека ќе се повлече од функцијата претседател на Европската Централна Банка на 7 февруари, пред да заврши нејзиниот мандат во октомври 2027 година. 

Вели дека не може повеќе да биде неутрална, сака слободно да говори за глобалните проблеми и да се спротивстави на „искривување на вистината“ – шефицата на ЕЦБ, Кристин Лагард најави напуштање на позицијата

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард најави дека ќе се повлече од функцијата на девет месеци пред завршување на мандатот, пренесува „Гардијан“. Како причина ја наведе желбата да може слободно да говори за светските случувања и да се спротивстави, како што вели, на „искривување на вистината“. Со најавата ги прекина повеќемесечните шпекулации за… Продолжи со читање

telma.com.mk