Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пиварница во САД остана без дозвола за работа по објава на социјалните мрежи дека ќе дели бесплатно пиво на денот на смртта на Трамп

/

Свет

Сподели преку :

Пиварницата Миноква Бруинг Компани од Висконсин остана без дозвола за работа. Одлуката следуваше по објавата на компанијата на социјалните мрежи дека ќе дели бесплатно пиво на денот на смртта на Доналд Трамп, што предизвика истрага на регулаторите, пренесува Унилад. Покрај одземената дозвола, за пиварницата е изречена и парична казна и наложен е прекин на производството и продажбата на алкохол.

„Бесплатно пиво цел ден кога ќе умре. Покажете ни ја оваа објава кога ќе се случи тоа за неколку месеци и ќе го исполниме ветувањето“, пишуваше во објавата на пиварницата.

Откако објавата се прошири на социјалните мрежи, следуваа илјадници негативни коментари и закани за бојкот, но и пријави до надлежните тела.

По итната управна постапка, регулаторите заклучиле дека промоцијата прекршила повеќе државни прописи за алкохол. Посебно се повикаа на правилото за огласување и стандардите на јавна сигурност. Службениците нагласија дека на компаниите со дозвола децидно им е забрането да организираат промоции кои поттикнуваат насилство, повикуваат на незаконски работи или го нарушуваат јавниот ред и мир.

„Одделот има обврска да го спроведува државниот закон и да осигура дека сите сопственици на дозволи се придржуваат до важечките закони. Преземаме соодветни мерки кога законите се кршат“, се наведува во соопштението на министерството за финансии на Висконсин.

Сопственикот на пиварницара и политички активист, Кирк Бангстад најави дека нема да се помири со одлуката. Тврди дека објавата била сатиричен политички коментар заштитен со слободата на говор.

„Нема лесно да се откажам од ова. Со сите сили ќе се бориме против државата Висконсин. Попрво ќе мора да ме исфрлат од сопствената пиварница пред да престанам да продавам пиво на прогресивците кои нè посетуваат“, напиша Бангстад на платформата Сабстак (Substack).