Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пентагон со план за повлекување на речиси една третина од американските сили од Европа

/

Свет

Сподели преку :

Pлан за повлекување авиони, воени бродови, оружје и десетици илјади американски војници од Европа разгчедува Пентагон, и покрај предупредувањата од сојузниците на НАТО за растечката закана од руска агресија, јави Ен-Би-Си повикувајќи се на седум сегашни и поранешни западни и американски функционери.

Станува збор за можно повлекување на околу една третина од американскиот контингент, односно приближно 25.000 војници, додека некои извори тврдат дека бројот би можел да достигне и до половина од вкупните сили – до 40.000 луѓе.

Доколку тој план се спроведе, тоа ќе биде најрадикалното намалување на американското воено присуство на европско тло од крајот на Студената војна, во време кога на континентот има околу 80.000 војници.

Намалувањето на силите би ги погодило најмногу Германија, Италија и Шпанија, земјите каде што се наоѓаат повеќето американски бази.