Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пентагон потпиша договор на, речиси, 23 милијарди долари за забрзано производство на ракети „Томахавк“

/

Свет

Сподели преку :

Пентагон објави дека потпишал договор вреден нешто помалку од 23 милијарди долари за забрзaнo производството на ракети „Томахавк“. Според министерството за одбрана на САД, договорот е потпишан со компанијата „Рејтеон“ за крстосувачки ракети за американската морнарица.

Големата нарачка доаѓа во време кога Вашингтон се стреми брзо да го зголеми својот производствен капацитет за критична муниција, поради намалувањето на залихите на ракети и софистицирана муниција што се користи во голем дел во конфликтот со Иран.

Според Центарот за стратешки и меѓународни студии (CSIS), ракетата „Томахавк“ чини околу 2,6 милиони долари. Тинк-тенкот процени дека американската морнарица поседувала околу 3.100 пред конфликтот со Иран и дека оттогаш се искористени над 1.000.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во март изјави дека побарал од Вашингтон да испорача од 100 до 200 ракети „Томахавк“ во октомври 2025 година.