Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Папа Лав XIV: Вештачката интелигенција треба да биде во служба на човекот а не уште едно средство за неправда и доминација

/

Свет

Сподели преку :

Папата Лав XIV, кој вештачката интелигенција ја третира како централен дел од својот понтификат, предупреди на опасностите од оваа технологија за време на посетата на УНЕСКО.

Тој предупреди на опасностите од вештачката интелигенција, истакнувајќи дека новите технологии мора да „останат во служба на човекот“, наместо да станат „уште едно средство за доминација и неправда“.

Говорејќи во седиштето на УНЕСКО во Париз, како дел од својата четиридневна посета на Франција, понтифот изјави дека вештачката интелигенција носи ризик од осиромашување на човечките „идеи и односи“ преку „процес на дехуманизација“, притоа критикувајќи го сè поголемиот акцент на продуктивноста во современите општества.

Поглаварот на римокатоличката црква истакна дека оценувањето на луѓето според „критериумот на ефикасност“ носи ризик од поткопување на почитта кон човековото достоинство, што води кон отфрлање и запоставување на оние кои „веќе не се продуктивни“.

Во својот говор, Папата ја нагласи потребата да се обезбеди новите технологии да нудат соодветни заштитни механизми за децата, наведувајќи дека „ранливоста“ на младите луѓе „никогаш не смее да стане можност за експлоатација“.