Отпишани се 410 милиони евра вкупни долгови на повеќе од 204.000 даночни обврзници во Албанија до 31 јули оваа година. Процесот, според Генералниот директорат за даноци, автоматски продолжува за даночните обврзници, во согласност со одредбите од Законот за отпишување и гаснење на даночни обврски кон централната и локалната даночна администрација и на давачки што треба да се платат на царината.
„До крајот на јули, 204.413 даночни обврзници беа вклучени во овој процес, додека даночната администрација ги продолжува процедурите за сите корисници кои ги исполнуваат критериумите утврдени во законот“, објави државната новинска агенција АТА.
Генералната дирекција за даноци ги потсетува даночните обврзници дека процесот на отпишување на долгот ќе продолжи до 31 декември 2026 година, кога завршува предвидениот рок. Мерките имаат за цел да го намалат товарот на заостанатите долгови за корисниците и да го расчистат застојот на даночните обврски, во рамките на процесот дефиниран со важечкото законодавство.
Опозицијата, пак, обвинува дека владеачките социјалисти го прават тоа пред локалните избори што треба да се одржат во мај идната година.












