Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Осомничениот за нападот во Берлин е застрелан од полицијата во момент кога сакал да нападне со остар предмет

/

Свет

Сподели преку :

Осомничен е застрелан и убиен од полицијата по наводен „исламистички терористички напад“ на Парадата на гордоста во Берлин синоќа.

Полицијата вели дека полицајците пукале во него откако тој „се стрчал кон полицајците со остар предмет во рацете“, и тој починал на лице место.

  • „И покрај непосредните мерки за реанимација иницирани од берлинската противпожарна служба, тој почина на местото на настанот“, соопшти полицијата.

Обвинителството тврди дека Абдул Балут влетал со комбе во толпата и избодел повеќе луѓе во напад во кој загинала една жена, а најмалку 29 се повредени.

Балут е 21-годишен германски државјанин со либанско потекло, кој ѝ бил познат на полицијата и се обидел да се придружи на групата Исламска држава.

(фото)Германската полиција трага по осомничениот за нападот со комбе во Берлин на Парадата на гордоста во кој загина едена жена, а 16 се повредени

Германските власти издадоа потерница по осомничениот во бегство за прегазувањето со комбе во близина на фестивалот Прајд во Берлин, при што едно лице загина, а најмалку 16 други беа повредени. Полицијата и обвинителите побараа помош за пронаоѓање на 21-годишниот осомничен, кого го идентификуваа како Абдул Б. „Моментално имаме уште едно ажурирање во врска со истрагата… Продолжи со читање

telma.com.mk