Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ослободени со кауција петмината мажи кои беа приведени за тероризам во близина на базата на Бринаските Кралски воздухопловни сили

/

Свет

Сподели преку :

Петмината мажи, уапсени под сомнение за терористички дела во близина на базата на Кралските воздухопловни сили (RAF) во Ферфорд, Британија се пуштени на слобода со полициска кауција, соопшти полициската единица за борба против тероризмот.

Беше прогласен сериозен инцидент и евакуирани беа десетици домови откако полицијата доби дојава за три „сомнителни возила“ во близина на воздухопловната база во Глостершир, во раните утрински часови во неделата.

Одделот за борба против тероризмот соопшти дека полициските службеници истражуваат „повеќе правци на истрагата“, вклучително и можноста во случајот да биле вклучени посредници или поединци кои дејствувале во име на странска држава.. Сите петмина мажи се државјани на Обединетото Кралство, на возраст од дваесеттите години, и потекнуваат од Лондон..

Тие првично беа приведени под сомнение за прекршоци поврзани со Законот за експлозиви, а потоа и дополнително уапсени под сомнение за подготовка на терористички чин.

Полицијата за борба против тероризмот наведе дека тие остануваат под истрага и дека нивното пуштање на слобода е „условено со строги ограничувања во однос на нивното движење и контактите со други лица“.