Германското Министерство за внатрешни работи потврди дека сака да ги заостри критериумите за положување на тестот за германски јазик, што е предуслов за добивање дозвола за постојан престој во Германија, како и за евентуално подоцнежно стекнување на германско државјанство, со нови прописи.

Според новата регулатива од Министерството за внатрешни работи, за која пишува весникот „Билд“ е забележано зголемување на обидите за мамење при полагање на тестот по германски јазик.
Регулативата наведува дека учесниците на онлајн курсеви за интеграција нелегално добиле прашања и решенија за деловите за слушање и читање од тестот.
Овој дел од испитот се состои од 45 прашања, на кои кандидатите одговараат со означување на точните одговори.
Како дел од испитот, кандидатите мора да положат и дел што вклучува пишување краток текст на германски јазик.
Според новата регулатива на Министерството, кандидатите честопати воопшто не го полагаат овој дел од испитот. Сепак, испитот сè уште се смета за положен благодарение на добриот резултат во првиот дел, под услов кандидатите да го положат и усниот дел од испитот на ниво Б1 за познавање на германскиот јазик.
Министерството сега одлучи да ја зголеми безбедноста при полагањето на тестот по германски јазик за имигранти (DTZ).
Условите за полагање на испитот на ниво Б1 ќе бидат променети, така што кандидатите сега ќе мора да покажат познавање во сите три области – слушање и читање, пишување и зборување.
Во областа во која се најслаби, ќе мора да покажат најмалку ниво А2. Ова значи дека испитот повеќе нема да биде можен ако кандидатот не го достигне нивото А2 во која било од трите области.
Промените на „Правилникот за испити за курсеви за интеграција“ треба да стапат во сила на 1 ноември.












