Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Њујорк ја забранува вештачката интелигенција во основните училишта – без лаптопи и таблети во училница до трето одделение

/

Свет

Сподели преку :

Њујорк ќе забрани користење на вештачка интелигенција во јавните училишта до осмо одделение. Промената е дел од сеопфатната реформа за користење на технологија во најголемиот училишен округ во САД кој годишно има околу 900.000 ученици. Учениците ќе бидат спречени да користат лаптопи и таблети во училниците до трето одделение, односно до деветтата или 10-тата година од животот.

Наставниците и родителите предупредија на употребата на наставен софтвер заснован на вештачка интелигенција во училиштата поради загриженост дека би можел да наштети на менталното здравје и когнитивниот развој на децата.

Употребата на вештачка интелигенција ќе биде дозволена само во средните училишта кои, според американскиот училишен систем, почнуваат во деветто одделение, но дури и тогаш ќе бидат ограничени за специфични намени.