Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Новиот украински министер за одбрана со порака: Русија со сила ќе ја принудиме на мир

/

Свет

Сподели преку :

Новиот министер за одбрана на Украина, Евгениј Хмара изјави дека Киев мора да преземе стратешка иницијатива во војната и да ја присила Русија на мир преку сила, потпирајќи се на сила на војската, на технологијата и развојкот на сопствена одбранбена индустрија.

Тој во обраќање пред пратениците во Врховната рада во пресрет на гласањето за негов избор порача дека еден од приоритетите ќе биде продолжување на ударите врз цели длабоко на територијата на Русија.

„Непријателот можеме да го натераме на мир само преку силата на нашата војска, со нашите технолошки и симетрични решенија. Пред сè со постојано унапредување и ефикасна употреба на технологијата’“, изјави Хмара, пренесуваат медиумите во Украина.

Тој нагласи дека работата на министерството за одбрана ќе биде насочена кон три важни правци.

„Имаме три клучни и рамноправни приоритети. Првиот е фронтот и зајакнување на војската, потоа и луѓето и развој на одбранбената индустрија“, рече Хмара.

Новиот украински министер за одбрана посебно го истакна значењето на операции со долг дострел, тврдејќи дека Киев веќе има можност да изведува удари и на цели во Сибир.