Роботите веќе можат да одат, да работат и да извршуваат сложени задачи, но поврзувањето со луѓето е поголем предизвик.
Креаторите сè повеќе им даваат на хуманоидните машини пореалистични лица, гестови и изрази.

Нов вид реалистични хуманоидни роботи беа изложени на Светската конференција за роботика во Пекинг, Кина.
Јавноста веќе ги знае роботите кои сортираат пакети, преместуваат стока, склопуваат производи и извршуваат други повторувачки задачи во фабриките и магацините.

Но оваа група на роботи изгледа поразлично и да се однесуваат повеќе како нас луѓето.
Фирмата „Ени вит“ направи високо експресивни роботски лица со голем број движења, во комбинација со меки материјали слични на кожа, кои ќе живеат и работат покрај луѓе и затоа треба да комуницираат преку контакт со очите, изрази на лицето и гестови.

- „Нашиот робот се фокусира на интеракција. За да го пробиеме ефектот на необична долина, вложивме доволно напори во алгоритмите, моторите, контролата на работењето и меките материјали. Ова е систематско инженерство кое му овозможува слободно да комуницира со луѓето, како луѓето. Веруваме дека е многу важно роботите да ја подобрат интеракцијата човек-машина за навистина да влезат во домаќинствата. Прво, има емоционална вредност. На секого му е потребно друштво и веруваме дека коегзистенцијата и симбиозата на луѓето и роботите ќе бидат тренд во иднина. Сигурни сме дека имаме многу работа да направиме во оваа индустрија,“ Конор Ху, потпретседател, AnyWit Robotics.
- „Веруваме дека моменталната индустрија за хуманоидни роботи има недостатоци во оваа област. Денес, роботите главно се фокусираат на можности за високо динамичко движење и разни способности за фаќање, а постојат многу празнини и недостатоци во комуникацијата, дијалогот и изразувањето помеѓу роботите и луѓето. Затоа, се надеваме дека ќе развиеме повеќе производи во овие области,“ Ли Ханг, истражувачки инженер, Пекиншки институт за општа вештачка интелигенција.
Б.С.












