Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Незири во Топ Тема: Рама мора да ги слушне барањата на демонстрантите и не да се повлече, тука да размислува за предвремени избори

/

Свет

Сподели преку :

Револт, револуција или политичка операција? Од Тирана до Париз, улиците станаа мегдан за судир меѓу младите и власта. Во Топ Тема вечерва дебата со Џелал Незири, Ненад Марковиќ и Злате Димовски.

  • Планот на зетот на Трамп, Џерард Кушнер и други инвеститори од Дубаи кои сакаа да градат луксузни хотели на приморјето во Албанија, па почна да се појавуваат информации кои навестуваа дека има корупција, па вице премиерката Балинда Балоку исто така падна заради корупција и додека топката се тркалаше, стигна до оваа ситуација каде сите можни незадоволства се собираа и експлодираше едно големо незадоволство насочено кон власта на Еди Рама – Џелал Незири, аналитичар.

Според него мајголем дел од протестите се случуваат на главните булевари на Тирана од зградата на владата до собранието и другите институции министерствата за правда и образование.

  • Демонстрантите ги каменуваат објектите, предизвикуваат пожари, се случува една мини војна меѓу нив и полицијата. Сето ова наговестува дека ако вака продолжи еден ден Рама мора да ги слушне тие барања и не да се повлече тука да размислува за предвремени парламентарни избори. А едно од причините поради кои луѓето излегоа на улица е и Сали Бериша, бидејќи мора да има опозиција за да се канализира тоа незадоволство, истакна Незири.