Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нетанјаху се заблагодари на Трамп за санкциите кон МКС: Судот во Хаг не е суд, туку политичко тело што е смртна закана за демократиите

/

Свет

Сподели преку :

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп и државниот секретар за одлуката за воведување санкции против Меѓународниот кривичен суд.

„Го поздравувам претседателот Трамп и државниот секретар Рубио за донесувањето на оваа клучна одлука за воведување санкции против МКС. МКС не е суд. Тоа е политичко тело што претставува смртна закана за демократиите што го почитуваат правото ширум светот, како и за самата идеја за национален суверенитет. Ви благодарам за вашето лидерство“, напиша Нетанјаху на Икс.

Соединетите Американски Држави воведуваат опсежни санкции против Меѓународниот кривичен суд, соопшти денеска Стејт департментот.

Мерките ќе забранат трансакции со судот со седиште во Хаг, ќе ги прекинат неговите ресурси и сериозно ќе ја ограничат неговата способност за работа, соопшти департментот.