Неизвесноста околу можните преговори меѓу САД и Иран повторно се зголеми откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека разговорите се во тек, додека Техеран категорично негира дека има или се планираат преговори.
Трамп оцени дека ова е „последна шанса“ Иран да постигне договор, додека иранските власти тврдат дека единствените разговори што ги водат се со Оман за управувањето со Ормускиот теснец.
Mеѓувреме, товарен брод пријавил дека бил погоден од непознат проектил во близина на Ормускиот теснец, еден од најважните светски поморски коридори за транспорт на нафта и природен гас.
Инцидентот дополнително ги засили стравувањата за безбедноста на глобалните енергетски испораки, иако бројот на бродови што минуваат низ теснецот останува значително намален.
И покрај тензиите, финансиските пазари позитивно реагираа на надежите дека кризата би можела да се реши по дипломатски пат.
Цената на нафтата забележа пад, додека берзанските индекси пораснаа, но аналитичарите предупредуваат дека ситуацијата останува нестабилна и дека Ормускиот теснец и натаму е клучна точка на спор меѓу Вашингтон и Техеран.












