Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Не сакаме европско ѓубре во Хрватска – протест во Загреб за нелегално увезен токсичен отпад во Госпиќ

/

Свет

Сподели преку :

Десетици илјади луѓе денеска протестираа во Загреб поради откривањето на нелегално увезен токсичен отпад во Госпиќ, во централна Хрватска. Протестот се одржа под слоганот „Марш за Лика, марш за Хрватска“.

Од хрватската влада се бара итно и целосно санирање на загадените локации во согласност со јасно утврдени рокови. Демонстрантите бараат и итна привремена забрана за увоз на отпад на национално ниво.

„Зборуваат за ова како да е трагедија, како да е нешто што се случило од ведро небо. Ова не е трагедија што туку-така се случила. Ова е испланирано, некому му е платено да го стори тоа, а на некој друг му е платено да замижи пред тоа. Ова не е трагедија, ова е кривично дело“, рече демонстрант од Загреб.

„Основното право, основното човеково право е да имаме чиста почва, чиста вода и чист воздух. Наша одговорност е да ги обезбедиме тие нешта на нашите деца и внуци, да им ја оставиме земјата чиста и незагадена, а не таква во која не може да се живее“, порача демонстрантка.

„Сакаме да кажеме дека Хрватска не е нивна, Лика не е нивна. Тоа е нашиот дом и не сакаме европско ѓубре во нашиот дом“, нагласи друга демонстрантка.