Триесет и тројца луѓе загинаа, а 18 се повредени во руски напад на Краматорск, соопшти обвинителството на областа Доњецк на Телеграм. Според првичните информации, претпладнево се погодени два автобуса.
„Русија носи смрт на украинската земја. Го напаѓа нашите граѓани, ги убива нашите луѓе и секој ден ги зголемува своите злосторства“, напиша областниот гувернер Вадим Филашкин на Телеграм, каде сподели и фотографии од нападот.
Воените управи на Краматорск и на Славјанск наредија целосно запирање на јавниот превоз.
На мета на Русија денеска беше и Киев, но и други градови во Украина. Според градоначалникот на украонската престолнина, Виталиј Кличко, тројца луѓе загинале, додека 14 се повредени.












