Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најмалку 13 загинати во земјотресот во Јапонија – се трага по преживеани под урнатините

/

Свет

Сподели преку :

Најмалку 13 лица се загинати во земјотресот со јачина од 7,1 степен што ја погоди околината на Кумамото додека продолжува потрагата на спасувачките екипи по преживеани под урнатините, изјави премиерката на Јапонија, Санае Такаичи.

„Сè уште има луѓе кои чекаат да бидат спасени и ова е трка со времето. Ќе ги искористиме сите расположливи средства на терен за да спасиме и извлечеме што е можно повеќе луѓе“, изјави Такаичи во Токио.

Земјотресот остави илјадници домаќинства без електрична енергија и оштети патишта низ целиот регион. Спасувачките екипи рано изутринава извлекле осум лица од урнатините на делумно урнат трговски центар.

Епицентарот на земјотресот бил на околу 20 километри јужно од градот Кумамото, најголемиот град во централниот дел на островот Кјушју, на кој има околу 700.000 жители.

Властите ги предупредија жителите на најпогодените подрачја да бидат подготвени за можни силни последователни потреси во текот на следната недела, како и за опасност од лизгање на земјиште.

Неколку сообраќајници, исто така, се тешко оштетени во земјотресот, а големи пукнатини има на главните автопатишта, што довело до сообраќајни метежи.

Јапонија се наоѓа во таканаречениот „Огнен прстен“, област во Тихиот Океан што опфаќа вулкани и океански ровови на каде се регистрирани петтина од светските земјотреси со јачина од шест или повеќе степени.

Силниот земјотрес што го потресе Кумамото пред 10 години усмрти 275 лица, а 2.739 беа повредени. Тогаш беа оштетени илјадници објекти, меѓу кои и ѕидовите на Градскиот замок, една од најважните туристички атракции во регионот.