Најмалку 64 лица загинаа, а повеќе од 179 се повредени во судирот на двата воза утрово во Урда, во покраината Толедо, на линијата Мадрид-Севиља, покажуваат најновите податоци од Службата за цивилна заштита во Кастиља-Ла Манча, објавени од шпанските медиуми.
Припадниците на Цивилната гарда на местото на железничката несреќа изјавија дека најмалку четири вагони се превртени, јавува шпанската Антена 3.
Портпаролот на Синдикатот на железници, во врска со судирот на два воза во Урда, рече дека „можеме да зборуваме за десетици смртни случаи“.
Во изјава за Антена 3, портпаролката на регионалната влада на Кастиља-Ла Манча, Естер Падиља, потврди дека сите повредени се евакуирани од возовите и дека спасувачките екипи ќе продолжат да ги извлекуваат телата.
Шпанското Министерство за транспорт како првична хипотеза идентификуваше дека човечка грешка од страна на диспечерот на железничката инфраструктура е главна причина за катастрофата, пишува Еј-би-си, еден од највлијателните шпански дневни весници.
Според информациите од министерството што ги обезбеди весникот, трагедијата се случила за време на поправка на дефект во сигналниот систем. Техничар од јавниот железнички оператор „Адиф“ работел на отстранување на дефект во главниот сигнален систем и не успеал да го предупреди брзиот воз „АВЕ“ дека има запрен воз на компанијата „Ирио“ на истата пруга директно пред него.
Тие дале наредба за тргнување иако другиот воз стоел на пругата.
Првичната полициска реконструкција покажува дека двата воза застанале во еден момент. Меѓутоа, операторот потоа дал одобрение и наредба возот „АВЕ“ да тргне, без дури ни да го извести машиновозачот дека возот „Ирио“ сè уште стои на пругата пред него. Бидејќи сигнализацијата не ја завршила својата работа, „АВЕ“ силно се удрил во задниот дел од запрениот воз, каде што два вагона биле згмечени и фрлени по железничкиот насип.
Адиф го прекина сообраќајот на брзите возови на линиите AVE во двата правци на линијата Мадрид-Андалузија.

Најмалку зо лица загинаа откако два воза се судрија јужно од Мадрид, изјави регионален функционер. Портпаролката на регионот Хунта де Кастиља-Ла Манча, Естер Падиља, изјави за локалната телевизија дека бројот на жртви би можел да се зголеми. Шпанскиот премиер Педро Санчез вели дека е „шокиран од сериозната железничка несреќа“ и дека е во постојан контакт… Продолжи со читање












