По предлог на Основното државно обвинителство во Бијело Поље, Основниот суд во Бијело Поље денес му одреди мерка за надзор на М.Г. (53) – возачот на автобусот што превезувал ученици на екскурзија од Алексинац, Србија – со која се бара тој да се јавува во полицијата во Будва секој понеделник. Ова за „Вјести“ го потврдија од Основниот суд во Бијело Поље.
„Имајќи ги предвид фактите собрани во досегашната постапка, надлежниот државен обвинител му предложи на надлежниот суд да одреди мерки за надзор за да се обезбеди непречено водење на понатамошната кривична постапка“, изјави за „Вјести“ Владан Ѓаловиќ, раководител на ОДО во Бијело Поље. Тој објасни дека доколку околностите укажуваат оти обвинетиот би можел да побегне, да се крие, да отпатува на непозната локација или во друга земја, или да ја попречува кривичната постапка, судот може – постапувајќи по службена должност или по предлог на обвинителот или оштетениот – да му одреди една или повеќе мерки за надзор на обвинетиот преку образложено решение.
Тешката сообраќајна несреќа се случила синоќа во Црна Гора, откако автобус со околу 90 ученици кои се враќале од екскурзија удрил во карпа на магистралниот пат Мојковац – Колашин. Во несреќата се повредени пет лица, од кои едно потешко.
Според првичните информации, од околниот рид се одронил материјал и паднал на коловозот. Возачот се обидел да го избегне одронот, но предниот десен дел од автобусот удрил во карпа.
Тешко е повреден водачот на патувањето, кој, според информациите на „Вијести“, се здобил со скршеница на карлицата и повреда на пршлен на ‘рбетот.
Поради сериозноста на повредите, тој итно бил пренесен во Клиничкиот центар на Црна Гора. Останатите повредени првично биле згрижени во болницата во Бијело Поле.

Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа во Црна Гора, откако автобус со околу 90 ученици кои се враќале од екскурзија удрил во карпа на магистралниот пат Мојковац – Колашин. Во несреќата се повредени пет лица, од кои едно потешко. Според првичните информации, од околниот рид се одронил материјал и паднал на коловозот. Возачот се обидел… Продолжи со читање











