Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мерц: По три години рецесија и стагнација, германската економија влегува во фаза на раст

/

Свет

Сподели преку :

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека економијата на земјата повторно расте по три години рецесија и стагнација, и покрај војните во Заливот и Украина, како и глобалните трговски спорови. Тој нагласи дека основните економски показатели го поддржуваат овој оптимизам, а рецесијата ќе биде целосно надмината до крајот на годината, благодарение на добрите стапки на раст во третиот квартал.

Мерц истакна дека прогнозите за 2027 година се ревидираат нагоре и Германија има можност следната година да оствари раст од најмалку еден отсто. Оптимизмот го потврди и последниот извештај на институтот „Ифо“, каде што индексот на бизнис климата во август неочекувано порасна за 2,1 поен на 88,8 поени, достигнувајќи го највиското ниво во последната година. Најголемата европска економија, по контракцијата во 2023 и 2024 година и минатогодишната стагнација, во вториот квартал забележа раст од 0,3 отсто.

Министерот за финансии Ларс Клингбајл посочи дека специјалниот фонд од 500 милијарди евра за инфраструктура и климатска заштита бил клучен за спречување на понатамошна рецесија.