Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мелони стана рекордерка – нејзината влада е најдолготрајната во Италија во континуитет од Втората светска војна

/

Свет

Сподели преку :

Џорџа Мелони се впиша во историјата на италијанската политичка сцена како најдопготрајна премиерка на земјата по Втората светска војна. Лидерката на крајнодесничарската партија „Браќа на Италија“ стапи на функцијата на 22 октомври во 2022 година и на чело на владиниот кабинет е 1.413 дена во континуитет или еден повеќе од втората влада на Силвио Берлускони.

Долготрајноста на нејзината владата според Мелони е голем успех. За вечерва е планиран собир во Бари за одбележување на историскиот момент, а на настанот се очекува и обраќање на Мелони. Критичарите ѝ забележуваат дека доготрајноста на владата го претворила во цел сам по себе и предупредуваат на политичка стагнација на земјата.

Италија во изминатите децении се соочуваше со чести промени на владите и политичка нестабилност. Од формирањето на Републиката пред 80 години, земјата имаше 68 влади кои во просек траеја по околу 13 месеци.