Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Маж со британско и иранско државјанство уапсен по инцидентот крај базата на британското кралско воздухопловство во Ферфорд

/

Свет

Сподели преку :

Уапсен е дваесет и седум годишен маж, со двојно британско – иранско државјанство, под сомнение за подготовка на терористички напад, во врска со инцидентот во воената база на британското кралско воздухопловство (РАФ) во Ферфорд.

Уште еден маж, на возраст од 26 години, исто така бил испрашуван од полицијата, за можна поврзаност со инцидентот.

Петмина млади мажи на возраст од дваесетина години, кои во неделата беа уапсени во близина на воената база во Глостершир, и натаму остануваат на слобода со полициска кауција.

Сите петмина се британски државјани од Лондон.

Полицијата за борба против тероризмот ги разгледува „сите можни сценарија, вклучително и евентуална вмешаност на странска држава во овој случај“, изјави Вики Еванс, високата национална координаторка на службата.

„Истрагата за околностите поврзани со настаните во Глостершир е исклучително сложена, а нашите специјализирани тимови истражуваата повеќе можни сценарија за случајот “, додаде Еванс.

Петтемина мажи беа уапсени во раните утрински часови во неделата, откако полицијата добила пријава за „три сомнителни возила“ кои се движеле кон базата управувана од американското воено воздухопловство (USAF). Пријавата предизвикала голема безбедносна операција.

Би-Би-Си дознава дека еден од мажите самиот се јавил на бројот 999, околу еден час пред локален земјоделец да ја извести полицијата дека забележал „голема група“ маскирани мажи во близина на возилата.