Едно лице е убиено, а пет се повредени, меѓу кои и 12-годишно девојче, во пукањето што се случи денеска во Париз. Францускиот претседател Емануел Макрон го опиша инцидентот како „терористички и расистички“ чин.
„Она што се случи денеска, ви велам, е пресвртен момент, бидејќи првпат имаме терористички напад кој бил планиран, со цел да се убијат наши сонародници, наши деца, врз основа на нивната боја на кожа или религија“, изјави Макрон кој и го посети местото на настанот.
Пукањето се случи претпладнево, кога напаѓач отвори оган од автоматско оружје на бензинска пумпа, медицински центар и детско игралиште во Трапе, предградие на Париз.
Според полициски извори, осомничен за нападот е 39-годишен кој е уапсен и идентификуван како Кевин Т.
Пукањето се случува во доста тензична атмосфера во Франција по масовните и насилни протести минатата сабота, а во пресрет на претстојните најавени за сабота.












