Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(фото)Крв во авионот, вознемирени патници – уапсен пилотот кој го нападна капетанот на летот Дубаи – Тел Авив

/

Свет

Сподели преку :

Борба во авионот кој леташе на линија од Дубаи кон Тел Авив, пилотот напаѓач е уапсен. Патниците во авион раскажуваат дека се бореле со копилотот, кој го избодел капетанот додека авионот нагло понирал пред да принудно да слетување во Саудиска Арабија.

Не е јасно што го поттикнало нападот. Шота Мусаев, лекар и очевидец, кој интервенирал и му пружил помош на повредениот пилот по слетувањето изјави дека пилотот бил нападнат со нож од својот колега.

Откако борбата завршила, на видеоснимката направена од Мусаев и објавена на социјалните мрежи се гледаат двајцата повредени пилоти како неподвижно лежат на подот од авионот. А на ѕидот има испрскана крв.

Капетанот и копилотот се повредени, а со помалчи повреди се дел од патниците, меѓу нив имало припадници на израелските безбедносни сили и воздухопловни безбедносни агенти.

Вознемирените патници раскажале дека мислеле оти ќе загинат. Лекарот Мусаев вели дека се плашел дека ќе го изгубат пилотот.

  • Кога стигнавме, тој (напаѓачот) веќе беше врз пилотот и го прободуваше; и Јанив (друг патник) и сите ние што дојдовме… тој веќе го прободуваше. Изгледа дека отвориле; пилотот си е пилот, не можеш да знаеш… да, тоа беше ситуацијата во суштина. Кутриот пилот. Цело време се молеше и беше во контакт со мене, а јас се плашев дека навистина ќе го изгубиме – Шота Мусаев, патникот кој интервенираше за време на инцидентот.

 

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Саудиска Арабија го уапсила пилотот, чиј идентитет не е откриен. Тој ги пречека патниците кои со пристигнаа во Израел со друг лет на „Флај Дубаи“.

Нетанјаху го нарече Јанив Хануј „херој“, кој интервенирал откако копилотот го избодел другиот пилот во обид, наводно, да го урне патничкиот авион додека превезувал 174 луѓе кон Израел.

  • Погледнете на летот од Дубаи до Израел, додека се приближуваа кон Израел, имаше напад од еден од пилотите против другиот пилот. Очигледно, тој го избодел или го удрил со секира. Тој обилно крварел. Авионот почнал да излегува од контрола и почнал да паѓа во носот – Нетанјаху.

Нетанјаху изјави дека напаѓачот можеби го удрил капетанот со секира. Од авиокомпаниите генерално се бара да носат секири за итни случаи во пилотската кабина, кои би се користеле за кршење на прозорецот при евакуација.

Билјана Ставрова